Безалкохолните брендови на Прилепска пиварница добија нова амбалажа

27

pepsi0.2l1-179x600Добро познатите брендови на Прилепска пиварница – Пепси, Миринда Портокал, Миринда Лимон, 7 Ап и Газоза добија нова модерна сталена амбалажа. По ребрендирањето на Златен Даб и претставувањето на новите стаклени амбалажи за пивото, Прилепска Пиварница продолжува со модернизирањето на амбалажите на своите пијалаци.

Со промената на изгледот најпрвин на пивото, а сега и на безалкохолните пијалаци сакаме да бидеме во чекор со новите трендови и секогаш на нашите потрошувачи да им понудиме квалитетен и модерен производ. Последните неколку години голем акцент ставивме на вложување во нови инвестиции, во креирање на брендови со единствен изглед и врвен квалитет, се со цел на пазарот да понудиме иновативни пијалаци кои потрошувачите често ги  бараат “изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.

Новите амбалажи на производите на Прилепска пиварница се резултат на најголемата последна инвестиција во нова линија за полнење на пиво и газирани пијалоци во стаклена амбалажа.

“Иновативноста и вложувањето во квалитет е примарно доколку сакаме да креираме препознатлив бренд. Потрошувачите знаат што сакаат, а ние сме тука да им понудиме пијалоци со единствен вкус и квалитет”, додаде Чатлески.