Безбедни првачиња – акција за поголема безбедност во сообраќајот на Триглав осигурување

22

triglav-osiguranje

Во текот на септември и октомври оваа година, Триглав Осигурување, во рамки на проектот Заедно за поголема безбедност во сообраќајот, спроведе акција под наслов Безбедни првачиња, во којашто на повеќе од 3.600 првачиња им додели безбедносни елечиња, стои во соопштението.

“Акцијата ја спроведовме со цел да ја зголемиме нивната безбедност во сообраќајот, како и да ја подигнеме нивната свест за важноста на внимателното движење во сообраќајот“, велат од компанијата.

Одговорноста, како што се наведува, е една од главните вредности на Групацијата Триглав, чиј член е Триглав Осигурување, а градењето безбедна иднина за средината во којашто работиме го вградуваме во секој аспект од нашето работење. Токму затоа, од компанијата одлучија да преземат чекори кон подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Акцијата Безбедни првачиња беше спроведена во вкупно 50 основни училишта низ цела Македонија, во коишто, покрај краток едукативен дел за основните правила во сообраќајот, на повеќе од 3.600 првачиња им беа доделени флуоресцентни елечиња за безбедно движење во сообраќајот. Во дел од училиштата присуствуваше и маскотата – Кучето Пази, што предизвика дополнителна радост кај децата.

“Сметаме дека е важно децата да се едуцираат и од најрана возраст да ги усвојат основните навики и правила за движење на пешаците во сообраќајот. Употребата на безбедносни елеци придонесува кон поголема видливост на најмладите во сообраќајниот метеж, а со тоа и кон нивна зголемена безбедност. На овој начин сакаме да придонесеме кон подигнување на свеста и кај возрасните учесници во сообраќајот, да забележат дека има деца секаде околу нас и дека треба крајно внимателно и одговорно да се однесуваме во сообраќајот, за поголема безбедност на сите“, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Акцијата наиде на позитивни реакции во сите основни училишта, а Триглав Осигурување и натаму ќе продолжи да работи на проекти за безбедност на децата во  сообраќајот. Оваа акција претставува почеток со надеж дека ќе прерасне во традиција, препознатлива за компанијата, којашто ќе придонесе кон посигурно општество.