Бездомници стануваат туристички водичи во Виена

33

viena centar

Перина Шобер од Виена ги вклучува бездомниците да им ги откријат помалку познатите агли на градот на заинтересираните туристи, пишува The local.at.

Целта на нејзиниот старт – ап е да ги оттргне предрасудите и да им помогне на бездомниците да најдат работа и активно да се вклучат на пазарот на труд. Статистиките покажуваат дека во Австрија има 12.000 бездомници, од кои 7.000 се во Виена.

Две третини од најновата туристичка тура на градот ќе ја водат бездомници, кои имаат за цел да покажат три локации – ноќното прибежиште за бездомници, јавната кујна или предавање во социјалната служба.

“Нашата цел е да обрнеме внимание на проблемот со бездомниците, како и да ги намалиме стравот и стигмата поврзана со овие луѓе“, вели Шобер.

Туристичка прошетка на група од 10 лица чини 150 евра, а целни групи се ученици и студенти, како и бизнис и социјални организации.

“Да се вклучи некој во турата за идните работодавачи ќе значи дека овие луѓе бараат сигурност и имаат желба за работа“, додава таа.

Турата не се фокусира на личната приказна на водичот, но доколку некој сака може да ја сподели својата судбина со групата. Фокусот е ставен на иднината, како и на тоа како градот и општеството во целина може да им помогне на бездомниците да се ресоцијализираат и да го вратат својот живот во нормала.

Досега четири лица ја поминале оваа обука, а Шобер се надева дека интересот во иднина ќе биде поголем.