Џеф Безос повеќе не е единствениот најбогат човек во светот, бидејќи друштво на врвот му прави францускиот милијардер Бернард Арно.
Првиот човек на LVMH Group, кој во изминатите неколку денови го зголеми своето богатство за околу 800 милиони долари, сега има акции чија вредност ја зголемија за 0,5%.
Од другата страна на Атлантикот, акциите на Amazon се намалија за околу 1%, што избриша околу 2,3 милијарди долари од богатството на Безос. Сега и двајцата имаат богатство од 186 милијарди долари, пишува магазинот Forbes.
Ова не е првпат да се случува Арно да го засени Безос, бидејќи пред 2,5 години, Арно за “влакно“ беше побогат од првиот човек на Amazon.
Фото: Facebook











