Безос нуди две милијарди долари за да се врати во трка за Месечината

33

Најбогатиот човек на светот и основач на Amazon, Џеф Безос, понуди да ги покрие трошоците на NASA во износ од две милијарди долари, така што американската вселенска агенција може да ја преиспита можноста за потпишување договор со него за изградба на возило за слетување на Месечината.

Во април, NASA го додели договорот на Илон Маск и неговата компанија SpaceX и ја одби понудата на Blue Origin на Безос.

Договорот предвидува изградба на систем за слетување којшто би носел астронаути на површината на Месечината најрано во 2024 година, пишува BBC.

Иако се очекуваше дека двете конкурентски компании можат да учествуваат во проектот, Агенцијата, поради недостаток на средства, може да додели договор на само една.

NASA доби само 850 милиони долари од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот за да изгради возило за слетување на Месечината.

Фото: Pixabay