Безос од вчера е побогат за 6,3 милијарди долари

201

Имотот на најбогатиот човек на свет, сопственик на компанијата за е – трговија Amazon, Џеф Безос, се зголеми за 6,3 милијарди долари во само еден ден поради рекордното достигнување на цената на акциите на корпорацијата, објави на својата интернет страница магазинот Forbes.

Како што се наведува, вчера на Wall Street цената на акциите на најголемата светска онлајн компанија пораснала за 5,3 %, по 6 процентниот раст еден ден претходно, на рекордни 2.238 долари. Во текот на денот цената била и повисока и изнесувала 2.290 долари.

Така богатството на Безос, кој има удел од 11,2% во корпорацијата, во еден ден се зголемило за околу 6,3 милијарди долари и сега изнесува 138 милијарди долари, проценува Forbes.

Профитирала и неговата поранешна сопруга Мекензи Безос, која по разводот од милијардерот стана една од најбогатите жени во светот. Нејзиното салдо, поради растот на цената на акциите е сега поголемо за 2,2 милијарди долари и сега изнесува 44,8 милијарди долари.

Фото: Pixabay