Безос продаде акции на Amazon и заработи нови милијарди

33

Основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос, продаде акции на компанијата во вредност од 2,5 милијарди долари. Безос продаде околу 739.000 акции по цени кои се движеа од 3.274 до 3.485 американски долари по акција. При пресметувањето на даноците, Безос ќе добие 1,9 милијарди долари.

Безос е, инаку, “тежок“ околу 192,6 милијарди долари, што значи дека тој останува на позицијата најбогат во светот, пред основачот на Тeslа, Илон Маск.

Овие трансакции се прва продажба на акциите на Аmazon оваа година. Минатата година Безос продаде повеќе од 10 милијарди долари акции во три серии – во август, ноември и февруари.

Фото: Facebook