Безос рече дека троши повеќе за климата отколку за вселенски патувања

34

Џеф Безос можеби издвојува 1 милијарда долари годишно акции на „Амазон“ за финансирање на неговата вселенска компанија „Блу Ориџин“, но вели дека најголемиот дел од своето богатство го троши во борбата против климатските промени.

Во интервјуто на Форумот Игнатиус во Вашингтон, основачот на „Амазон“ беше запрашан што би им рекол на критичарите кои тврдат дека милијардерите како него треба да потрошат повеќе од своето богатство за справување со климатските проблеми на Земјата наместо за вселенски патувања.

„Тие ја пропуштаат двосмисленоста дека треба да ги направиме и двете, и дека двете се длабоко поврзани“, изјави Безос на главниот уредник на Harvard Business Review, Ади Игнатиус. „Всушност трошам повеќе пари на Bezos Earth Fund, отколку за вселената“.

Безос признава дека има „огромна работа што треба да се направи на Земјата“, но за да „продолжат да растат како цивилизација“, луѓето мора да развијат ресурси на други планети.

Безос го стартуваше Earth Fund со 10 милијарди долари во 2020 година за да обезбеди финансирање на научници, активисти и други организации кои се борат против климатските промени. Досега фондот издвоил 947 милиони долари, а целта е до 2030 година да се доделат преостанатите 9 милијарди долари.

Откако се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“ во јули, Безос потроши повеќе време на неговите лични амбиции, како што се Earth Fund и Blue Origin, како и The Washington Post, кој го купи во 2013 година.

Безос троши повеќе време главно на проекти на Blue Origin. CNBC пред извесно време објави дека неодамна го удвои времето што го поминува една недела на Blue Origin, посветувајќи го попладнето во вторник и среда на компанијата.

Тој долго време има интерес за вселената. По завршувањето на средното училиште, Безос одржа говор велејќи дека сака да изгради „вселенски хотели, забавни паркови, јахти и колонии за 2 или 3 милиони луѓе кои орбитираат околу Земјата“.

Својот говор го завршува со зборовите: „Космосот е последната граница. Таму ќе се сретнеме“.