Безос се повлекува на петти јули

Основачот на компанијата Amazon, Џеф Безос најави дека на петти јули се повлекува од функцијата генерален извршен директор и дека на таа позиција ќе го замени еден од неговите соработници, Енди Џејси.

“Тој датум има сентиментално значење за мене“, рекол 57-годишниот милијардер и потсетил дека на тој ден 1994-та година, пред 27 години го основал Amazon.

Безос, чие богатство се проценува на 167 милијарди долари, нема да ја напушти компанијата, туку ќе се посвети на развој на нови производи и услуги, а ќе биде ангажиран и во својата вселенска програма во компанијата Blue Origin, како и во дневниот весник Washington Post, што е во негова сопственост.

Фото: Twitter