Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, најверојатно истражува можности за инвестирање во популарното турско одморалиште Бодрум.
Се верува дека бизнисменот не само што летува во Бодрум, туку бара и можности за инвестирање, пишува Хуријет.
Безос ја закотви својата луксузна 136-метарска јахта, Flying Fox, којашто вреди 400 милиони долари, во близина на Бодрум. Тој имал и долга турнеја низ регионот со хеликоптер, којшто летал ниско над одредени проекти за развој, вклучувајќи го и ресортот Four season во Бодрум.
Фото: Pixabay