Безвременски лекции против банкрот од Ален Ајверсон

467

Четириесет и четиригодишниот Ален Ајверсон е легендарен бек во НБА лигата, а во својата 15-годишна кариера успеа да заработи над 150 милиони долари. Иако успеал да заработи толку многу пари, пред неколку години се соочил со големи финансиски потешкотии. Она што е најважно е тоа што Ајверсон отворен зборувал за тоа и ги споделил лекциите што ги научил за да се спаси од банкротот.

Живејте во рамки на своите можности

Повеќе од 60% од НБА играчите банкротираат за околу пет години откако ќе се пензионираат. Ајверсон се “сопнал“ на истата замка во 2010 година. Кога уживал во најголемата слава, Ајверсон имал истенчен вкус за скапи предмети. Месечно трошел и по 10.000 долари за облека, за намирници и предмети за во домот, за забава и ресторани… Но, тоа е само почеток. Податоците покажале дека Ајверсон трошел вкупно 360.000 долари месечно од коишто 126.000 долари биле на име хипотеки и различни доверители. Тогаш Ајверсон заработувал по 750.000 долари годишно од спонзори, но тоа не било доволно за да ги покрие огромните трошоци.

Лекцијата е јасна – мора да се живее во рамки на своите можности. Годишни примања од 750.000 долари сочинува 1% од најбогатите, но сепак тие пари можат многу лесно и брзо да се потрошат.

Инвестирајте, наместо да купувате предмети

Ајверсон сакал да троши пари на скап накит, брзи автомобили и дизајнирана облека, но сите тие работи со текот на времето губеле од вредноста. Бидејќи професионалните спортисти имаат релативно кратка кариера, би требало барем мал дел од своето богатство да го инвестираат во акции, фондови, полиси за животно осигурување и слично.

Важно е да се има среќа

И покрај лошите финансиски одлуки, приказната на Ајверсон добива среќен крај. Неговиот доживотен спонзор, Reebok, му обезбедил 30 милиони долари за “црни денови“. Тој нема да може да допре до тие пари до 2030 година, коишто добро би му дошле кога ќе остари.

Фото: Facebook