Безжичниот полнач на Tesla повторно на продажба, но со пониска цена

27


Tesla повторно го пушти во продажба својот безжичен полнач за паметени телефони, пишува The Verge.

Првата серија се продаде за многу кратко време минатиот месец, па компанијата одлучи овој пат полначот да биде со 15% попуст. Tesla овој пат ветува дека ќе бидат произведени поголем број на парчиња од уредот, токму поради попустот.

Побарувачката е огромна и се очекува и оваа серија за брзо да биде распродадена.

Производот за прв пат беше ставен на продажба на веб страната на компанијата на крајот на август по цена од 65 долари.

Дизајнот наликува на телефоните на Apple, а доаѓа во црна и бела боја. Иако полначот, којшто има батерија од 6.000 mAh, е наменет за безжично полнење, се продава заедно со интегриран USB-C приклучок и USB-A приклучок за стандардно полнење.

На барање на сопствениците кои ја платиле повисоката цена за полначот Tesla ќе ги рефундира истите за разликата од 16 долари помеѓу двете цени.

Фото:Tesla