“Би сакал да живеам како сиромашен човек со многу пари“

136

Би сакал да живеам како сиромашен човек со многу пари, рекол во една прилика познатиот уметник, Пабло Пикасо. Сликарот што беше еден од највлијателните уметници на 20-от век, ги кажал и овие мудри мисли:

Јас не барам, јас наоѓам.

Сликарството е само поинаков начин да водите дневник.

Уметност е елиминирање на непотребното.

Компјутерите се бескорисни. Можат да дадат само одговори.

Трагедијата на славата е во тоа што мора да изгубиш премногу време за да останеш славен.

Кој сака да направи нешто, наоѓа начин, кој не сака да направи нешто, наоѓа оправдание.

Фото: Pixabay