Библиотека направена од рециклирани кофички за сладолед

48

060_shau_miclib_facade_insideМал плоштад во Индонезија доби необична градба – микро библиотека изградена од 2.000 пластични кофички од сладолед, пишува Inhabitat. Архитектонското студио SHAU Bandung ги нареди кофичките користејќи бинарен код за да креира тајна порака на фасадата на Taman Bima – книгите се прозорец кон светот (books are the windows to the world).

Проектот е дел од цела серија на мали библиотеки коишто треба да се изградат на повеќе локации низ земјата. Целта е да се преземе нешто во врска со намалената писменост кај населението во Индонезија, односно да се поттикнат луѓето да читаат. Градбите се замислени да бидат места каде луѓето ќе можат да читаат, учат и да имаат пристап до различни медиуми и курсеви.

Првиот кат од челичната конструкција на библиотеката направена од греди во форма на буквата L и бетонски плочи е обложен со кофички за сладолед. Истите се ставени помеѓу вертикални, челични решетки на градбата и благо навалени нанадвор со цел да не навлезе дождовница. Бројката од 2.000 кофички била сосема доволна за ентериерот да има природна светлина и вентилација.

014_shau_miclib_facade_close010_shau_miclib_front_morningBima-Microlibrary-by-SHAU-Bandung-6-1cimg73061