Бидете подготвени за секоја зима со Мотоцентар

32

zimata-diaga-motocentar-facebook

Фото: Facebook

Од 15-ти овој месец започна да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што ќе трае до 15-ти март следната година.

“Ви препорачуваме да направите зимска проверка и подготовка на вашето возило, навремено да ја обезбедите потребната зимска опрема и истата секогаш да ја носите во своето возило, бидејќи само на тој начин ќе се овозможат услови за безбедно управување во зимски услови и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација“, порачуваат од Мотоцентар.

Од компанијата овозможуваат и онлајн резервација на термин за монтажа. Преку онлајн формуларот, корисникот може да направи преглед на достапните термини за монтажа во тековната недела, како и да избере термин што најмногу му одговара. Исто така, со формуларот корисникот ќе може да се најави доколку гумите се оставени на чување во Хотелот за гуми на Мотоцентар со што тие навреме ќе бидат подготвени за возилото.