Бидете потсетени во близина на вашиот дом со новата функционалност на MarkO

3

marko

MarkO – паметниот потсетник за завршување на дневните обврски, воведе две нови функционалности со кои Ви го заштедува времето што би го потрошиле во пишување на  текст за Вашите потсетници. Во најновата верзија, ќе имате можност да ги подесите адресите на вашиот дом и вашата работа, како и да креирате потсетник со гласовна команда.

Колку пати Ви се случило да сфатите дека повторно не го фрливте ѓубрето претходната вечер, токму кога поминувате до корпа за отпадоци? Или сте заборавиле да му ја вратите книгата на Вашиот другар дури откако сте седнале со него на кафе?

Со можноста за подесување на вашата домашна адреса во MarkO, ќе можете да го избегнете ова. Секако, за да престанете да го заборавате извештајот на крајот на работниот ден, би било добро да ја подесите и адресата каде што работите. А доколку не сте вработени, можете да ја подесите адресата на вашиот втор дом: можеби тоа е вашето училиште, факултет или пак домот на Вашиот партнер.

Во својата претходната верзија, MarkO ги воведе и паметните сугестии за локацијата, времето и пријателите со кои го споделувате потсетникот. Доколку креирате потсетник што ги содржи зборовите: home, my place, flat, condo итн. во картичката за предлози на локацијата, MarkO автоматски ја додава Вашата домашна адреса. Со воведувањето на домашната и адресата на работа, MarkO го менува и изгледот на менито “Мој профил” и истиот сега може да се одбере и од главното мени на апликацијата.

Она што е исто толку интересно е можноста да креирате потсетник со гласовна команда. Се што треба да направите е да кликнете на микрофончето во делот за опис на потсетникот и да почнете да зборувате. Лесно, брзо и едноставно!

Двете нови функционалности на MarkO работат на англиски јазик.

Во последната верзија MarkO доби и нов интересен туторијал кој ви помага при креирањето на потсетникот првиот пат кога влегувате во апликацијата.

Симнете го MarkO од Play Store!