Big Bang Sang Bleu – тату уметност пресликана на часовник

61

launch_BB_SangBleu_29Производителот на луксузни часовници Hublot и лондонското студио за тетовирање Sang Bleu, го создадоа часовникот Big Bang Sang Bleu. Зад самиот дизајн стои тату артистот Максин Бучи, пишува BlouinArtinfo.

На часовникот првенствено се забележуваат различни геометриски форми, а матираниот бројчаник има кружни шаблони и црни сатенски детали што го прават ултра луксузно и модерно парче.

Часовникот има три осмоаголни дискови изработени од родиум, коишто се позиционирани на интересен начин за гледање на времето. Најголемите дискови ги претставуваат часовите, помалите минутите, а најмалите секундите.

Точната цена сè уште не е позната, а ќе бидат изработени само 200 парчиња.

hublot1Big-Bang-Sang-Bleu-4-copy