БиХ: 41,3% од жените не основаат бизнис поради страв од неуспех

25

Дури 41,3% од жените во Босна и Херцеговина не основаат бизнис бидејќи се плашат од неуспех, пишува Индикатор.

Во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, Лондонската бизнис школа објави анализа спроведена во 59 земји. Според тие податоци, во БиХ само 2,7% од жените на возраст од 18 до 64 години, се во процес на основање бизнис или веќе имаат бизнис не постар од три години, додека регионалниот просек е 6%. Податоците, исто така, покажуваат дека само 10,2% од жените во БиХ сметаат дека имаат позитивни деловни прилики, што е втор најнизок процент во светски рамки, а само 12,7% од жените во БиХ сметаат дека е лесно жени да почнат сопствен бизнис.

Според податоците, во светот има околу 252 милиони жени кои имаат сопствен бизнис, а 153 милиони жени управуваат со компании.

Македонија ја нема во наведената анализа.