БиХ: Домаќинствата сами може да бираат од каде ќе купуваат струја

61

dalekovod

Купувачите на електрична енергија од категоријата домаќинства во Босна и Херцеговина од втори овој месец може сами да одберат од каде ќе купуваат струја, односно да ја изберат најповолната понуда што може да се најде на пазарот, пишува порталот Акта.ба.

Со отворањето на пазарот на електрична енергија во цела БиХ, секој купувач има право да го промени снабдувачот, физичкиот приклучок не се менува, а купувачот останува приклучен на истата дистрибутивна мрежа.

Доколку купувачот донесе одлука да го промени снабдувачот со електрична енергија, треба да се обрати до избраната компанија којашто потоа ќе продолжи со потребните активности.