БиХ има околу 600 милионери и 100 мултимилионери

38

Податоците говорат дека во Босна и Херцеговина има околу 600 милионери и скоро стотина мултимилионери кои располагаатсо околу 2,5 милијарди долари. Тоа според тамошните медиуми, претставува знак за тоа колкав е јазот меѓу богатите и сиромашните во земјата.

“Јазот меѓу богатите и сиромашните само се зголемува. И додека некој има за автомобил од 250.000 евра, поголемиот број граѓани се на раб на егзистенција. Секое време носи свое бреме, но тоа не се дели подеднакво во БиХ“, пишува RTVBN.

Оттаму сметаат дека последната криза, што ја предизвика пандемијата, најмалку ги погоди оние со длабок џеб, како и оние кои работат во државни компании.

Од друга страна, бројни мали фирми се затворени, а вработените останале и без минималецот што го заработувале.

“Податоците покажуваат дека во БиХ има околу 600 милионери и скоро стотина мултимилионери кои располагаат со околу 2,5 милијарди евра, што доволно го покажува јазот меѓу богатите и сиромашните. Исто така, говори и за тоа дека потфрлија институциите коишто би требало да водат сметка и за енормното збогатување, но и за луѓето кои имаат социјални потреби“, вели социологот, Владимир Васиќ.

Според него, од законски аспект треба да се води сметка за луѓето кои енормно се збогатуваат, да се испита на кој начин тие луѓе дошле до голем износ на пари, на кој начин го шират своето богатство и како енормно се збогатиле.

Фото: Freepik