Во Сараево вчера се одржа избор на најзначаен инвеститор во БиХ за 2013 година, во организација на Агенцијата за унапредување на странските инвестиции (ФИПА).
Компанијата ЕФТ Рудник и термоцентралата Станари Добој се избрани за најзначајни инвеститори во сферата на основање нови фирми или изградба на објект. Компанијата Nepco Beds Factory е избрана за најзначаен создавач на нови работни места, а Interwork е награден со признание за најдобро заедничко инвестирање. На компанијата Г Петрол и е доделена награда за најзначаен инвеститор во рамки на аквизиција или приватизација, пишува Аваз.
“Во 2013 година најзначајни инвестиции беа од Велика Британија, Австрија, Србија и Германија. Она со што странските инвеститори не се задоволни е комплексната администрација, процедурите, неусогласени закони на сите нивоа на власт”, изјави директорката на ФИПА, Јелица Грујиќ.