Во евиденцијата на производи што Босна и Херцеговина ги извезувала оваа година, иако е малку чудно, се најдоа урми, банани, ананас и цитрон, што не се карактеристични за ова поднебје.
Според податоците на Надворешнотрговската комора на БиХ, до крајот на јуни оваа година се извезени урми во вредност од околу 200.000 евра, банани од 53.500 евра, цитрон за 17.400 евра и ананас за 9.500 евра.
“Со оглед на тоа што БиХ не е погодна за одгледување на овие култури, може да се заклучи дека станува збор за реекспорт, односно реализација на деловни договор со поврзани лица во регионот, првенствено меѓу земјите членки на ЦЕФТА, односно увоз заради извоз што е дозволен во слободната трговија“, велат за Независни новини од Надворешнотрговската комора на БиХ, додавајќи дека извозот на тропско овошје е значително помал во однос на увозот.
Според најновите податоци, до крајот на јуни оваа година во БиХ се увезени банани во вредност од 16,6 милиони евра, урми од 1,8 милиони евра, цитрони од 562.000 евра и ананас од 416.000 евра.
Овоштарите не се зачудени што во земјата се увезува тропско овошје, но се загрижени бидејќи се извезува и овошје што може да се произведува во БиХ, како што се јаболката.
“Увозните цени се пониски, но нивното овошје е со многу полош квалитет во однос на домашното, се работи за старо овошје што долго време стоело во ладилник“, вели Драгое Дојчиновиќ, претседател на здружението на овоштари на Република Српска.
Од јужно овошје, во БиХ најчесто се произведуваат мандарини што не се доволни за задоволување на потребите на домашниот пазар.
Фото: Freepik