БиХ ја ограничуваат маржата на некои од најважните животни намирници

69

Властите во Босна и Херцеговина ја ограничија маржата на некои од најважните животни намирници, како и на нафтата и нафтените деривати за да може да влијае на нивните цени коишто се во пораст во време на пандемија и на тој начин да го намалат притисокот на буџетот на домаќинствата.

Максималната маржа на трговците во малопродажба ќе биде од шест до 8%.

Во време на пандемија се ограничува трговската маржа за сите видови на брашно и леб, печива и пекарски производи, млеко и млечни производи, јајца и други важни намирници, како и храна за бебиња.

Со одлуката се опфатени и хигиенски производи, семенски материјал и средства што се користат во земјоделието.

На големите трговци со нафта и нафтени деривати, маржата им се ограничува на 0,03 евра за литар, додека во малопродажба на бензинските станици на 0,12 евра.

Фото: Pixabay