Агенцијата за сигурност на храната во БиХ соопшти дека при лабораториските анализи е откриено зголемено ниво на пестициди во јаболка од сортата Ајдаред поради што истите се повлечени од продажба.
Нивото не е во рамки со одредбите на Правилникот за максимално дозволени вредности на пестидици во храна, пишува Biznis Info Ba.
Во рамки на вонредна инспекциска контрола забранет е прометот со јаболката Ајдаред I класа, II класа и III класа од производителот Ogi Voće d.o.o. Gradiška и наредено е повлекување на испорачаните количини јаболка од купувачите.
Според првичната проценка на ризик, краткотрајното конзумирање на јаболки со утврдени остатоци на активната материја Карбендазим, претставива сериозен ризик за здравјето на децата. За возрасните здравствениот ризик не е сериозен, бидејќи токсиколошката референтна вредност за оваа популација не е надмината.
Фото:Pexels