БиХ ќе добие 51 милиони долари помош од ММФ

31

mmf bihМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на Босна и Херцеговина 51 милиони долари помош, откако се увери дека земјата ги држи своите финансии под контрола.

Еден од главните услови за добивање на новата транша беше донесувањето на закон за предвремено поволно пензионирање на бранителите во ентитетот Федерација БиХ.
Без дополнителната помош на ММФ, БиХ би се соочила со поголем дефицит и трошоци на задолжување.
“Здравата политика во финансискиот сектор ги ублажува ризиците“, изјави заменик директорот на ММФ, Немат Шафик.

ММФ и Светската банка соопштија дека очекуваат годинава БиХ да оствари раст од 0,5%.