БиХ: На полиците веќе не мора да има минимум 50% домашни производи

35

prodavnica vo bih

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина утврди нацрт закон за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, со којшто се брише одредбата што ги обврзува трговците на полиците да имаат 50% производи од домашни производители, пишува Klix.ba.

Иако оваа одлука е голема опасност за домашните производители, од тамошното Здружение “Да купуваме и да користиме домашно“ велат дека не би требало да се случат некои значајни промени, бидејќи досегашната законска одредба во пракса никогаш не била спроведена.

“Таа одлука на владата на БиХ нема да промени ништо значајно, бидејќи властите не создадоа механизми со коишто во пракса ќе воведат 50% домашни производи во продавниците“, вели Адмир Каро од здружението “Да купуваме и користиме домашно“.