БиХ: Од септември почнува производство на изолација од овча волна

470

izolacija od ovca volna

Компанијата Wool Line Sarajevo од Босна и Херцеговина од септември започнува со производство на изолација од овча волна, пишува Klix.ba.

“Изолациониот материјал од волна од овци е иднината во градежништвото, што се покажува во Швајцарија и Австрија. Овчата волна е погодна за топлинска изолација на тавани, поткровје, ѕидови и подови“, вели Бахрудин Бојчиќ, директор на Wool Line Sarajevo.

Според него, ова ќе придонесе за решавање на еколошките и финансиски проблеми за искористување на волната како вреден и рентабилен ресурс. Оваа волна, како што се наведува, го нема потребниот квалитет за изработка на џемпери и слични производи.

“Во просек, има 20% подобри карактеристики од другите изолациони материјали, а за околу 30% обезбедува подобра звучна изолација. Животниот век на изолацијата од овча волна е 50 години, а еден квадрат нема да чини помалку од 15 конвертибилни марки (8 евра). Инвестицијата во топлинска изолација го прави поскапо почетното вложување при градба, но се исплати бидејќи се враќа во облик на заштеда при затоплување“, додава Бојчиќ.

Изолациските својства на оваа волна се исти како и кај стаклената волна.