Фото: Pixabay
На депониите во Босна и Херцеговина секој ден завршуваат околу 500 тони храна поради поминат рок или вишок во угостителските објекти и пекарите, пишува Независне новине.
“Голема количина на храна завршува на депониите во градовите ширум БиХ. Таа лошапојава загрижува, бидејќи податоците на UNICEF укажуваат на тоа дека секој петти жител на БиХ живее под граница на сиромаштија“, вели Народниот правобраните за заштита на потрошувачите во БиХ.
Од депониите во земјата велат дека постојано се зголемува количината на храна што се фрла, а во јавните кујни бројот на корисници расте.
“Во просек дневно собираме 600 тони отпад, а од 12% до 15% се остатоци од храна. Храната со поминат рок соодветно се уништува. Бидејќи голема е количината на храна што се фрла, нашата компанија презема активности за подигнување на свеста за селективно одложување на отпад и едукација на населението“, велат од комуналното претпријатие во Сараево.