Biki – подводен дрон што плива како риба

52

biki

Фото: Biki

Кинеската технолошка компанија Robosea претстави подводен дрон којшто има автоматизирана рамнотежа, може да избегнува препреки и да се врати во базата. Дронот Biki, што плива како риба, е дизајниран за откривање на подводниот свет, содржи 4K камера, има меморија од 32 GB, може да се сними видео од два часа и да се направат 4.000 подводни фотографии. Biki може да се нурне на длабочина од 60 метри, а неговата батерија издржува 120 минути.

Подводниот дрон, освен за истражување и забава, може да се користи и за надзор на децата додека се капат.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 20.000 долари. До крајот на кампањата има уште 32 дена, а веќе има собрано 183.569 долари.