Бил Гејтс инвестира 40 милиони долари во компанија за генетски истражувања

19

22195373_10154930899536961_4959660337302559557_nФото: Facebook

Бил Гејтс, преку Фондација Бил и Мелинда Гејтс, ќе инвестира 40 милиони долари во истражувања во Единбург, Шкотска чија цел е подобрување на здравјето на добитокот, пишува BBC.

Со оваа инвестиција во непрофитната организација GALVmed, Гејтс се надева дека ќе се намалат болестите на животните и истите ќе се заштитат не само во Велика Британија, туку и во другите земји во светот.

Инвестиција на основачот на Microsoft, ќе биде искористена за изработка на поквалитетни вакцини, лекови и поставување на прецизни дијагнози што ќе бидат достапни за оние сточари на кои најмногу им требаат. Поддршката од Гејтс ќе биде наменета и за развивање на поквалитетни култури, коишто ќе бидат похранливи и поотпорни на суши, поплави и болести.