Бил Гејтс на одмор во Црна Гора

216

Првиот човек на Microsoft, Бил Гејтс заедно со своето семејство летува во Црна Гора, пишува порталот Café del Montenegro.

Гејтс летува на црногорското приморје заедно со семејството и неговиот пријател Даниел Снајдер. Тој е американски милионер, мнозински сопственик на американскиот фудбалски тим Washington Redskins, како и основач на компанијата Snider Communications.

Иако доаѓањето на Гејтс предизвика голем интерес, сепак во тајност се држат детали околу тоа каде се капе, каде се сонча и каде е сместен.

Инаку, Гејтс и Снајдер пловат со јахтата Lady S, додека во нивна придружба е уште една јахта и хеликоптер.

Компанијата Feadship оваа година ја произведе јахтата Lady S, чија внатрешност ја дизајнираше компанијата Reimond Langton Design. Јахтата има седум соби и еден мастер апартман, како и четири ВИП салони. Исто така, има и посебен луксузно опремен дел наменет за екипажот.

Фото: Facebook