Бил Гејтс прими вакцина против коронавирус

148

Сопственикот на Microsoft, Бил Гејтс, објави дека ја примил првата доза на вакцина против коронавирус.

“Првата доза ја примив неделава и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, учесници во студијата, регулатори и здравствени работници кои не доведоа до оваа точка“, напиша Гејтс на Тwitter.

Гејтс неодамна во својот блог изјави дека 2020 година е ужасна година, но верува дека 2021 ќе биде подобра година.

“Поголемиот дел од 2020 година го поминав со колегите во Фондацијата Гејтс ширум светот за начини за тестирање, лекување и спречување на КОВИД-19. Кога размислувам за брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум зачуден. Човечката раса никогаш не постигнала толку многу напредок кога станува збор за лекување на која било болест за една година, како што направи светот во борбата против Ковид-19“, објасни Гејтс.

Фото: Twtter