Бил Гејтс прв на листата најбогати Американци на Форбс

45

gejtsОсновачот на Microsoft, Бил Гејтс, веќе дваесет години по ред е најбогатиот Американец според листата на Форбс. Со вкупен имот проценет на 72 милијарди долари, Гејтс успеа годинава да ја врати и титулата најбогат човек на светот, што му ја преземе мексиканскиот милијардер Карлос Слим.

Инвеститорот Ворен Бафет, исто како и минатата година, е на второто место, а забележал најголемо зголемување на своето богатство, дури 12,5 милијарди долари, на 58,5 милијарди долари. На трето место останува основачот и челникот на корпорацијата Oracle, Лари Елисон, чија вкупна сопственост е проценета на 41 милијарди долари.

Во првите 20 најбогати Американци успеа да се врати основачот на Facebook, Марк Цукерберг, со имот вреден 9,6 милијарди долари.

Според Forbes, 400-те најбогати Американци тежат повеќе од два трилиони долари, што одговара на бруто домашниот производ (БДП) на Русија. Најсиромашниот меѓу нив има “само” 1,3 милијарди долари. Девет од листата најбогати Американци се помлади од 40 години.