Бил Гејтс се напи вода добиена од преработени фекалии

27

bil gejts pie voda od fekalii

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, се напи вода од машина што фекалиите ги претвора во чиста вода за пиење, пишува Business Insider.

Гејтс на неговиот блог го пренесе воодушевувањето од машината Omniprocessor на компанијата Janicki Bioenergy, чија цел е фекалиите од луѓето да ги трансформира во чиста вода за пиење и електрична енергија.

“Водата го имаше истиот вкус како флашираната. Го проучив целиот процес на преработка, па би бил среќен доколку ја пијам секој ден. Оваа вода е целосно безбедна и чиста“, напиша Гејтс на својот блог.

Машината е поврзана со систем од цевки што ја снабдуваат со фекалии, кои потоа се преработуваат. Сувите делови од фекалиите, се палат на висока температура, по што се ослободува енергија.

Овој вид на технологија е посебно корисен за земјите во развој, каде што постои голем недостиг од вода за пиење, а посебно се погодени помладите генерации.