Бил и Мелинда Гејтс одвојуваат нови 70 милиони долари за вакцина против Ковид-19

30

Бил и Мелинда Гејтс сакаат да бидат сигурни дека вакцината против коронавирусот ќе ја добијат луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и земјите со ниски приходи. За таа цел, како што пренесува магазинот Forbes, Мелинда Гејтс најавила дека нивната организација ќе инвестира дополнителни 70 милиони долари за развој и испорака на вакцина по поволни цени во земјите со ниски и средни приходи.

Претходно, фондацијата на основачот на Microsoft и неговата сопруга одвои над 350 милиони долари за финансирање на развој на вакцина против Ковид-19.

“Мора да бидеме сигурни дека секој добива еднаков пристап до тест, лекови и вакцина, кога таа ќе биде достапна, без оглед на местото каде што живеат“, рече Мелинда Гејтс.

Голема финансиска поддршка од Бил Гејтс добива американската компанија Pfizer, којашто заедно со германска BioNTech развиваат вакцина, што според нив, досега има ефикасност од 90%.

Фото: Freepik