Билборд “кашла“ ако некој пуши во близина

46

bilbord-sto-kasla

Apotek Hjärtat, синџир на аптеки во Шведска, на креативен начин се обидува да ја подигне свеста кај луѓето за нивното здравје, пишува Branding magazine.

Во соработка со маркетинг агенцијата Akestam Holst создадоа интерактивен билборд што кашла кога некој во негова близина пуши. Доколку некој со цигара се доближи, ликот на билбордот ќе почне да кашла со што му го привлекува вниманието. Потоа, на билбордот се појавуваат производи за откажување од пушење што може да се најдат во нивните аптеки.