Билетите за првата конференција за е-трговија пуштени по Early-bird цена

18

Во пресрет на првата конференција за е-трговија во Македонија, којашто ќе се одржи на 26 октомври во Хотел Мериот во Скопје, организаторите ги пуштија во продажба првите 100 билети за настанот, по посебна (EarlyBird) цена.

Билетите можат да се купат на официјалниот сајт на конференцијата – www.ecommerceconference.mk – со кредитна картичка, или пак преку нарачка и плаќање преку фактура.

Цената на промотивните EarlyBird билети е 4.244 денари и важи до 25 септември или до трошење на предвидената количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.

На конференцијата чијашто тема е “e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!” ќе се разговара за развојот, видовите на плаќања, начини на достава,а ќе се споделат и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и глобално ниво.

Повеќе од 20 домашни и интернационални говорници ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат навнимателно одбрани панел дискусии за предизвиците со кои што се соочуваат е-трговците во Македонија и можни решенија за истите. Листата на говорници постепено се открива на јавноста, а истата е достапна на следниот линк.