Билетот за патување на Месечината чини 150 милиони долари

25

space adventure

Компанијата за вселенски туризам Space Adventures започна со продажба на билетите за патување на Месечината. На туристите им се нуди лет околу сателитот на рускиот вселенски брод Сојуз, пренесува Гласот на Русија.

Во текот на патувањето ќе може да се направи пауза на Меѓународната вселенска станица. Според пресметките, летот ќе трае од 16 до 17 дена. Првата екскурзија на Месечината е планирана за 2017 година. Без оглед на цената – 150 милиони долари, два билета се веќе продадени.

Корпорацијата Space Adventures се занимава со приватни екскурзии на Меѓународната вселенска станица од 2001 година. На оваа станица два пати, како турист, престојувал Чарли Симон, еден од основачите на Microsoft. Следната година за вселенското патување се подготвува британската пејачка Сара Брајтман.