БиМилк ќе го одбележи светскиот ден на школското млеко

23

По повод одбележување на Светскиот ден на школското млеко – 26 септември – среда, компанијата БиМилк ќе организира дружење со деца од повеќе основни училишта. Овој светски ден кој традиционално се одбележува од 2000 година во голем број земји во светот, преставува одлична прилика за искажување на важностa од консумацијата на млеко во секојдневната исхрана на децата на училишна возраст.

Како компанија која годинава ја прославува 60-годишнината од своето постоење и ја знае важната улога на млекото во развојот на децата, БиМилк се одлучи за прв пат во Македонија да го прослави Светскиот Ден на Школското млеко.

Млекото и млечните производи се вистинско природно богатство од масти, протеини, минерали и витамини потребни за правилното оформување на коските, мускулите и останатите витални органи кај децата, па затоа нивното консумирање е гаранција за правилен и здрав развој. Компанијата за сите школарци од избраните основни училишта подготви многу забавни и едукативни игри, како и многу млеко и млечни производи. На манифестацијата децата од битолските основни училишта ќе имаат можност да ги претстават своите литературни и ликовни изработки, преку кои ќе ги презентираат своите размислувања за оваа исклучително важна намирница.

“Грижата за децата и нивниот правилен раст и развој, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден е извонредна можност да се дружиме со школските деца и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено да им даруваме и млеко и млечни производи кои даваат енергија и помагаат полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и во иднина ќе се труди да укажува на важноста од здравите прехрамбени навики и да внесува што е можно повеќе радост во детските срца”, изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.