Бимилк со нов производ – Jogood во чаша

44

jogood

Овошниот јогурт Jogood отсега ќе биде достапен и во ново практично пакување за консумирање со лажичка. Неговиот препознатлив вкус и квалитетот остануваат непроменети, а новиот начин на консумација нуди овошна забава со секој залак.

Jogood е спој од најквалитетниот јогурт и внимателно одбрани парчиња овошје, кои го прават овој овошен јогурт идеално освежување во топлите летни денови. Тој претставува лесна, но хранлива ужинка за сите пригоди, а неговиот полн вкус на овошје и јогурт ќе им овозможи на сите генерации на брз и лесен начин да го задоволат гладот помеѓу два оброци, стои во соопштението.

„Среќни сме што во годината кога прославуваме 65 години постоење и токму во летниот период го збогатуваме нашето портфолио со идеален освежителен производ, кој навистина претставува овошна забава со секој залак. Поаѓајќи од нашата визија да бидеме компанија што со признати европски брендови ќе ги разбуди потребите на потрошувачите, пред сè, за квалитетна и здрава исхрана, сигурни сме дека Jogood ќе остане омилен избор кај сите љубители на овошни јогурти“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Овошниот јогурт е достапен во четири вкуса: јагода, шумско овошје, вишна и кајсија.