Биометриски прстен што заменува лозинки, картички, клучеви…

19

tokenФото: Token

Token е биометриски прстен којшто може да се користи за отворање на влезна врата од станот, вклучување на автомобилот, плаќање на сметки и логирање на други уреди. Во прстенот можат да се меморираат податоци за кредитни картички, кориснички имиња и лозинки, а со помош на постојната апликација ќе може да се додаваат и други, нови информации, пишува Engadget.

Основан од Мелани и Стив Шапиро, Token има за цел да ја направи потрошувачката сигурност побрза и полесна преку партнерство со Microsoft, MasterCard, HID и Visa.

Прстенот го потврдува идентитетот на корисникот со помош на скенер сместен во внатрешната страна. Кога прстенот ќе се стави на прстот скенерот го потврдува идентитетот.

Прстенот се продава со дополнителен дел за безжично полнење и LED сијалица којашто свети црвено и предупредува кога батеријата има 30% капацитет. Со едно полнење батеријата може да издржи три недели. Водоотпорен е на длабочина од 50 метри. Најевтиниот модел чини 249 долари, а во понуда има Token изработен од 14 – каратно розово злато и црн родиум и чинат 299 долари.