BioNTech има големи планови со заработените милијарди

Германската фармацевтска компанија BioNTech со својата вакцина против коронавирусот се искачи на самиот врв на светската фармација – и научно и финансиски, но веќе размислува за времето по оваа пандемија и подготвува огромна инвестиција во Сингапур, пишува Дојче веле (DW).

Во првиот квартал од минатата година, BioNTech сепак забележа загуба од околу педесет милиони евра, но сите трошоци за истражување и инвестиции се исплатија и во моментов работи на зголемување на производството.

BioNTech од Мајнц го зголеми својот промет во првиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период во 2020 година за над 70 пати на околу две милијарди евра, а заработката е тројно зголемена на околу 1,1 милијарди евра.

BioNTech е подготвен да ја преземе улогата на глобален концерн кој ќе има деловни активности дури и по пандемијата на короната, пишува DW.

Нивната специјалност и понатаму ќе бидат вакцините против заразни болести – генетски модифицирани препарати за кои се предвидува дека ќе играат голема улога во медицината, сè до борбата против ракот.

Кога станува збор за вакцината, BioNTech планира седиште за југоисточна Азија во Сингапур, каде се планира фабрика која ќе може да произведува до милијарда дози вакцини годишно.

BioNTech не сака да зборува конкретно за висината на инвестицијата, но во секој случај, како што наведува DW, станува збор за “стотици милиони американски долари“.

Според медиумите, Сингапур лесно прифатил и учествува во инвестицијата, а тамошниот погон треба да започне со работа во 2023 година.

Најголем купувач на BioNTech сè уште е Европската унија, која неодамна значително ја зголеми својата нарачка.

Фото: Facebook