Компанијата BioNTech ги објави плановите за воспоставување регионален центар и изградба на нова фабрика за своите вакцини базирани на mRNA, што е последно во низата потези на компанијата за проширување на својата производна мрежа.
Фабриката се очекува да започне со работа во 2023 година и да произведува неколку стотици милиони дози mRNA вакцини годишно.
BioNTech објави дека нејзините планови се поддржани од владата на Сингапур. Воспоставување на регионален штаб во Југоисточна Азија ќе го зголеми глобалното снабдување со mRNA вакцината и побрзо ќе одговори на идните пандемии, соопшти компанијата.
“Неколку центри во нашата производна мрежа се важен стратешки потег за зголемување на нашиот глобален капацитет“, рече Угур Сахин, основач и директор на биотехнолошката компанија.
BioNTech е германска компанија со седиште во Мајнц, а на крајот на минатата година веќе основаше седиште во САД во Кембриџ.
Фото: Facebook











