BioNТеch наскоро може да направи вакцини против мултиплекс склероза

131

Компанијата BioNTech, што стои зад вакцината против Ковид -19, објави дека наскоро би можела да започне со производство на вакцина против мултиплекс склероза.
Оваа вакцина ќе биде направена на сличен принцип како оној што го создаде BioNTech заедно со Pfizer, користејќи РНК. 

Иако мултиплекс склерозата е автоимуна болест, значи не е предизвикана од вирус, вакцината може да влијае на тоа спречувајќи ги клетките на пациентот да напаѓаат други клетки, најчесто мозокот и ‘рбетниот мозок, во неговото тело.

Експеримент спроведен на лабораториски глувци покажа дека вакцината против мултиплекс склероза го запира понатамошниот развој на оваа болест, но и дека успева да врати дел од изгубените функции на организмот. Добрата работа кај оваа вакцина е што не го ослабува имунитетниот систем на глувците.

Фото: Pixabay