BioNTech отпушта 1.860 работници и затвора фабрики

„БиоНТек“, со седиште во Мајнц, заработи милијарди за време на пандемијата благодарение на своите вакцини. Cега истражува лекови за рак и други болести. Тоа чини многу и има последици. „БиоНТек“ планира да затвори неколку фабрики и да отпушти 1.860 работници.
Компанијата ги објасни намалувањата велејќи дека има поголем производствен капацитет отколку што е потребен, дека капацитетот не се користи доволно и дека станува збор за мерки за штедење. Плановите влијаат на производствените капацитети во Идар-Оберштајн, Марбург и Сингапур, како и на фабриките што „БиоНТек“ ги купи од конкурентот „КурВак“.

Администрацијата објави дека вкупно 1.860 работни места би можеле да бидат изложени на ризик.

Фабриките во Идар-Оберштајн, Марбург и Тибинген се планира да бидат затворени до крајот на следната година.

Се очекува работењето во Сингапур да престане во првиот квартал од 2027 година. Се разгледува делумна или целосна продажба.

„БиоНТек“ очекува дека по целосното спроведување на мерките во 2029 година, ќе постигне годишни заштеди до половина милијарда евра.

Тие пари треба да се инвестираат во истражување, развој и маркетинг на лекови против рак.

Во првиот квартал, BioNTech забележа пад на приходите. Тие изнесуваа 118,1 милиони евра, по 182,8 милиони евра во првите три месеци од минатата година. Падот првенствено се припишува на помалата продажба на вакцината против коронавирусот.

Нето загубата се зголеми на 531,9 милиони евра. Во првиот квартал од 2025 година, таа изнесуваше 415,8 милиони евра.

Како причина за овој развој, компанијата ги наведува повисоките трошоци за развој на имуно-онколошки програми.

Со оглед на високите трошоци за развој, BioNTech веќе ја заврши минатата година со милијарди загуби.

За оваа година,  очекува пониски приходи од бизнисот со вакцини против коронавирусот и на европскиот и на американскиот пазар.

За сезоната на вакцинација 2026/27 година, се подготвува развој на вакцина против коронавирус прилагодена на нови варијанти.

За 2026 година, компанијата, чии основачи Угур Сахин и Озлем Туреџи ќе ги напуштат своите позиции најдоцна до крајот на оваа година, очекува приходи помеѓу две и 2,3 милијарди евра.

BioNTech, која заработи милијарди за време на пандемијата, развива лекови базирани на mRNA технологија против рак и други болести. Неодамна ја купи биотехнолошката компанија Kjurvak од Тибинген.