BioNTech: Вакцината ќе биде ефикасна против новиот вид на коронавирус

34

Директорот на BioNtech, Угур Сахир е уверен дека вакцината против Ковид-19 на неговата компанија ќе делува и против новиот вид на вирусот кој е регистриран во Англија.

“Веќе ја тестиравме вакцината против околу 20 варијанти на вирусот со други мутациии. Имунолошкиот одговор кој го произведува нашата вакцина секогаш ги деактивираше сите облици на вирусот“, рече Сахин.

Тој додаде дека вирусот мутирал и сега мора да се направат експериментални тестирања коишто ќе потраат околу две недели.

Сахин нагласи дека тоа не значи дека новата варијанта на коронавирусот е безопасна, но потенцираше дека вакцината на BioNtech може да се прилагоди на новите соеви.

Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат границите со Велика Британија поради страв од новата варијанта на коронавирусот, кој се шири до 70% побрзо од досегашниот.

Фото: Freepik