Биосензитивни тетоважи за дијабетичари

19

blue-jpg-1400x1400

Фото: MIT

Научници од Универзитетите MIT и Harvard истражуваат нов пристап за мерење на шеќер во крвта кај дијабетичарите преку биосензитивни тетоважи. Тие развија посебно мастило што содржи хемикалии што може да го “почувствуваат“ нивото на шеќер во крвта, pH и натриум. Кога шеќерот во крвта се зголемува, мастилото ја менува бојата од сина во кафена боја. Кога се зголемува нивото на натриум бојата на тетоважата ќе се смени во зелена боја. Розовите и виолетовите нијанси укажуваат на Ph нивото, пишува CBS News.

“DermalAbyss мастилото, коешто е во фаза на одобрување, ја менува бојата како одговор на промените во течностите на човековото тело. Буквално станува интерактивен екран“, вели истражувачот од MIT, Ксин Лиу.

Технологијата сè уште е во многу рана фаза на развој и е тестирана само на примероци од свинска кожа, а не кај живи примероци и луѓе. Лиу вели дека треба да се прават дополнителни тестирања и да се открие дали луѓето би имале алергиски реакции.

“Ќе биде потребно многу време за ваквиот производ да излезе на пазарот, но технологијата ја буди имагинацијата и ги отвора можностите“, вели Лиу.