Бирол:Цена на нафтата со ниво од 100 долари е глобален ризик

24

Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, изјави дека „флертувањето на цената на нафтата со нивото од 100 долари“ претставува реален ризик за глобалната економија и дека е изненаден од одлуките на групата ОПЕК + на состанокот на 5 октомври да се намали производството.

Бирол рече дека во минатото производителите на нафта носеле одлуки кои го смирувале пазарот.

„Оваа одлука може дополнително да го зголеми инфлацискиот притисок и да ја ослаби глобалната економија“, изјави Бирол за Ројтерс на маргините на климатската конференција COP27 во Египет.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, познати како ОПЕК + група, одлучија да ги намалат целите за производство за 2,0 милиони барели дневно  во октомври, и покрај притисокот од Соединетите Американски Држави и другите земји да не го сторат тоа.

Оваа нафтена алијанса ќе го има следниот состанок на 4 декември во Виена.

Бирол рече дека официјални лица од земјите во развој кои присуствуваат на конференциите за климата посочуваат на високите цени на нафтата како еден од двигателите на инфлацијата.