Битиќи: Домаќинското работење и вистинската грижа заштедуваат 82,25 милиони евра пари на граѓаните

17

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека  последната еврообврзница е со повеќе од половина пониска каматна стапка, или домаќинското работење заштедува 82,25 милиони евра во камати, пари на граѓаните.

“Оваа Влада води конзистентни економски политики, преку преземање паметни чекори, со посебно внимание секој потрошен денар на граѓаните да се троши домаќински. Тоа го потврдија и сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои го потврдија нашиот кредитен рејтинг, а тоа резултираше  со емитување на најевтината евро обврзница досега“, вели Битиќи.