Битиќи: С. Македонија може да биде енергетски хаб на Балканот

4

Преку развој на енергетскиот сектор Северна Македонија многу брзо може да прерасне во енергетски хаб на Балканот. Тоа е возможно преку диверзификација на изворите на енергија, односно создавање алтернативни и еколошки извори на енергија со кои нашата економија ќе ја подобри својата конкурентност но и трајно ќе го реши проблемот со енергетското загадување, нагласи при своето гостување во емисијата Економски магазин која се емитува на Алсат телевизија, Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот ја истакна важноста на сопственичкото учество на нашата земја во Александропулос гас терминалот, со што Северна Македонија ќе создаде нова енергетска перспектива и можности за замена на старите нееколошки извори на енергија.

“Нас ни е потребна зелена, еколошка енергија за чие производство не се користат горива кои загадуваат, како и постепено намалување на изворите на енергија кои се загадувачи”, посочи Битиќи.

Заменикот на Претседателот на Владата ја истакна и важноста на Коридорот 8 и железничкото поврзување со Бугарија и со Албанија како евтин алтернативен транспорт, кој значително ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании, кои сега користат алтернативен авионски или бродски транспорт кој е многу поскап.

“Нашата иднина е во развојот на човечките ресурси, подобрување на транспортната инфраструктура и во развивањето на алтернативни зелени извори на енергија. Само така Северна Македонија може да креира дополнителна вредност и да има долгорочен одржлив развој”, потенцираше вицепремиерот Битиќи.